Дома Останати Тенис Кирјос се врати на терените по две години и – изгуби!

Кирјос се врати на терените по две години и – изгуби!

Ник Кирјос две години и два месеци, односно 26 месеци, не играше тенис во вистинска смисла на зборот. Неговото боледување накратко го прекина обидот за играње на турнирот во Штутгарт во јуни 2023, кога брзо се откажа, а потоа и летоска на турнирот во Форест Хилс во Њујорк, каде што учествуваше прилично ревијално. 

Тој конечно се појави на егзибицијата Светска тениска лига во Абу Даби, а првиот со кој играше беше Андреј Рубљов, кој го доби мечот со 6:4. Дуело беше одигран во рамки на натпреварот на екипите на Змејовите, каде што игра австралиецот и Соколовите кои славеа 24:21.

Приказната за Ballon Twister: Се започнува со една идеја! ↓↓↓


Кирјос во микс со Италијанката Паолини го совлада Шаповалов (Канада) и Гарија (Франција) со 7:5.

Последниот турнир пред паузата Кирјос го одигра во Токио во октомври 2022. Во четвртфиналето без игра го предаде на Тејлор Фриц. Овие 26 месеци отсустуваше поради тешка повреда на зглобот на раката.

Кирјос следната недела ќе игра на турнирот од серијата 250 во Бризбејн каде ќе игра и сингл и дубл, со Новак Ѓоковиќ. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ за хаосот во Париз: Беше многу опасно, сешто се случуваше!

Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа зошто е во врвот на светскиот тенис, о…