Дома Моторспорт Познати се сите возачи во Формула 1 за следната сезона, последното место го доби 20-годишниот Французин

Познати се сите возачи во Формула 1 за следната сезона, последното место го доби 20-годишниот Французин

Со денешното објавување на „Racing Bulls“ се комплетираше листата на возачи за новата сезона во Формула 1, и сега ги имаме сите 20 натпреварувачи кои ќе се борат во 2025 година.

Последното, 20. место беше отворено во екипата Racing Bulls, и истото го пополни 20-годишниот Французин со алжирско потекло Исак Хаџар.

Хаџар оваа сезона возеше за Campos Racing во Формула 2 и на крајот го освои второто место во поредокот на возачи.

Покрај него, од Формула 2 во Формула 1 преминаа и првакот Габриел Бортолетo (Sauber), шесторангираниот Андреа Кими Антонели (Mercedes), и дванаесетиот Оливер Бирман (Haas).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Верстапен застана во одбрана на тимскиот колега по бран навреди

Макс Верстапен јавно реагираше по навредите кон Крис Лулхам по трката во Портимао и порача…