Оваа сезона Манчестер Сити не игра како што ги навикнаа своите навивачи, но очигледно и раководството на овој клуб.
Поразите се редат за тимот од „Етихад“, а според се, управата на овој клуб подготвила некои радикални чекори.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Англиските медиуми пренесуваат информации дека управата на Манчестер Сити донела одлука да избрка дури шест од стартните играчи во следните трансфер периоди.
Фрејзер Флечер откри дека еден од фудбалерите што ќе го напушти Манчестер Сити во блискиот период ќе биде искусниот стопер Рубен Диаш.
Кевин де Брујне исто така е играч кој ќе го напушти клубот. Имено, на крајот од сезоната му истекува договорот и тој како слободен играч ќе оди некаде на друго место.
Истото ќе се случи и со Илкај Гундоган на кого договорот истекува на крајот од сезоната и нема да му биде понудено продолжување.
Клубот треба да го напушти и десниот бек Кајл Вокер кој веќе не игра како што играл досега и својата кариера треба да ја продолжи во некој друг клуб.
Голманот Едерсон наводно ги брои своите последни денови во Англија бидејќи има многу добри понуди од Саудиска Арабија, додека Пари Сен-Жермен и Барселона сакаат да го доведат Бернардо Силва.
Прашање е само дали овие заминувања ќе се случат летово или уште во јануари, а интересно е што одлуката ја донесе управата на Манчестер Сити и процесот не може да го спречи ни Пеп Гвардиола.