Предградието на родниот град на Михаел Шумахер, Керпeн крај Келн, не му го додели статусот почесен граѓанин.
Иако Шумахер седум пати во кариерата беше светски првак во Формула 1 и е една од иконите на германскиот и светскиот спорт.
Патот на Македонија до СП 2026!? Никогаш не било полесно! ↓↓↓
Тоа „моментално нема смисла“ и градот има „други приоритети“, велат политичарите во Керпeн, а пренесува “Келнишер Рундшау”.
Советот на Керпeн се повикува на фактот дека локалните закони воопшто не ја предвидуваат титулата почесен граѓанин, а Шумахер е единствената личност кој за време на животот добила своја улица во местото.
Оваа одлука предизвикува гнев кај јавноста, а особено е лут братот на Михаел, Ралф кој реагираше бурно на Инстаграм.
„Повеќе ништо не ме изненадува со политичарите. Тоа е сè што треба да знаете за Германија и нашите политичари! Изгледа дека успесите веќе не се важни. Кога ќе размислите што направи мојот брат за Керпeн со своите успеси, едноставно немам зборови”, напиша Ралф.