Дома Фудбал „Земјотрес“ во Милан: Ибрахимовиќ носи радикална одлука сред сезона

„Земјотрес“ во Милан: Ибрахимовиќ носи радикална одлука сред сезона

Пауло Фонсека наскоро би можел да го напушти тренерското место на Милан. Златан Ибрахимовиќ наводно одлучил да му врачи отказ на Португалецот и на негово место да го именува Масимилјано Алегри.

57-годишникот е без работа од мај оваа година кога доби отказ од Јувентус. Не успеа да ја врати „Старата дама“ на победничката патека за три години и беше отпуштен.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сега би можел да дојде како спасител на „росонерите“. Тоа би му било враќање во клубот по нешто повеќе од 10 години.

Алегри го водеше Милан од 2010 до 2014 година и му ја донесе првата титула по седум години. Меѓутоа, се одлучи за заминување во Јувентус, што навивачите не му го простија.

Алегри пет години доминираше со „Бјанконерите“. Освои сè во Италија, но му недостасуваше успех на европската сцена. Разделбата се случи во 2019 година, а две години подоцна повторно се врати, но не можеше да направи ништо и да го извлече гигантот од проблемите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…