Тајсон Фјури ќе се обиде во сабота да му се одмазди на Олександр Усик за првиот пораз во кариерата од мај оваа година. Фјури изгледа многу поподготвен и сериозен пред реваншот, што го покажува и низ интервјуата.
И додека пред борбата во мај зборуваше премногу, сега пред публиката беше многу посмирен. Одлучи да го даде најчудно интервју некогаш и одговараше на прашањата кратко.
Патот на Македонија до СП 2026!? Никогаш не било полесно! ↓↓↓
На прашањето што би можело да биде изненадување во сабота, Фјури рече:
„Доста болка. Болка. Сериозна болка. Многу штета“, изјави Фјури.
Очигледно, Усик му нанесе на Фјури сериозна болка откако го победи во мај.
„Верувам дека победив. Тој зема неколку рунди, но јас го зедов поголемиот дел. Сепак, двајцата дадовме одличен меч“, изјави Фјури.
'ʜᴜʀᴛ, ꜱᴇʀɪᴏᴜꜱ ʜᴜʀᴛ' 😳
— Sky Sports Boxing (@SkySportsBoxing) December 18, 2024
Tyson Fury with one of his most INTIMIDATING interviews 👀#UsykFury2 x #RiyadhSeason | Saturday | Live on Sky Sports Box Office pic.twitter.com/izusDwdfwJ