Дома Фудбал „Бомба“: Чави преговара со Милан

„Бомба“: Чави преговара со Милан

Како што откриваат каталонски извори, повикувајќи се на сигурни информации од неговата околина, Чави преговара со Милан!

Тамошниот медиум „Ел Насионал“ пишува дека Чави Хернандез е во напредни преговори со „росонерите“ за преземање на клупата во блиска иднина.

Откако летово се раздели со Барселона, Чави изјави дека планира да одмара до следното лето. Сепак, тренерското место во Милан би можело да го натера да ја прекине паузата.

Милан не е задоволен со резултатите на Фонсека и наскоро би можело да има тренерска смена на „Сан Сиро“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шампионски спомен за Алими: македонскиот дрес на патиките од Далиан

Исник Алими ја прославува титулата во Кина со посебен подарок, на кој место добија и макед…