Дома Фудбал Лоша вест за навивачите: Мундијалот во Саудиска Арабија ќе биде – без алкохол!

Лоша вест за навивачите: Мундијалот во Саудиска Арабија ќе биде – без алкохол!

Навивачите ќе имаат забрана за пиење алкохол на стадионите на Светското првенство во Саудиска Арабија 2034 година, објави „Гардијан“. Алкохолот е забранет во оваа муслиманска земја од 1952 година. ФИФА не излегла јавно со став за оваа тема, но извори од англискиот медиум тврдат дека нема да има продажба на пиво за време на натпреварите.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Саудиска Арабија е строга кога станува збор за алкохол и неговата продажба е забранета дури и во луксузните хотели. Неименуван извор за „Гардијан“ изјави дека ФИФА ја научила лекцијата од Светското првенство во Катар, кое беше под притисок да го дозволи пивото на стадионите, но владејачкото семејство Ал-Тани два дена пред турнирот се откажа од планот.

Десетици илјади буренца пиво на позната компанија беа отстранети од стадионите и ФИФА мораше да плати 40 милиони фунти отштета на својот спонзор, додава „Гардијан“. На катарските стадиони се продаваа безалкохолни пива и безалкохолни пијалаци, со тоа што обичното пиво беше достапно во една ФИФА фан зона, каде што половина литар чинеше 12 фунти (14,5 евра).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо се сѐ повеќе поврзува со Реал – конечно го прекина молкот и ги коментираше шпекулациите

Жозе Мурињо ги негираше медиумските гласини кои го поврзуваат со враќање во Реал Мадрид. Н…