Дома Останати Кошарка Снимени последните моменти од кошаркарот пред да си го одземе животот (Видео)

Снимени последните моменти од кошаркарот пред да си го одземе животот (Видео)

Кошаркарската јавност беше потресена од ужасната вест дека познатиот кошаркар кој играл за Олимпијакос, Басконија, Химки, Зенит, како и за кошаркарската репрезентација на Летонија – Јанис Тима, е пронајден мртов во Москва пред хотелот каде што престојувал.

Според полициjата, Tима извршил самоубиство, а како причина за смртта се наведува задушување и се истакнува дека веројатно бил пијан бидејќи во неговиот стан е пронајдено шише вотка.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Летонецот си го одзел животот на роденденот на својата поранешна сопруга Ана Седокова, од која се разведе една недела порано, нешто со кое очигледно не можел да се помири.

На денот на смртта, тој прво ѝ го честиташе роденденот на Седокова на Инстаграм, а потоа во коментар на нејзиниот пост за роденден напиша датум на своето раѓање и смрт.

Руски медиуми објавија и снимка од безбедносните камери каде се гледаат последните моменти од животот на Тима.

Тима е снимен како се обидува да влезе во влезот на зградата пред која е пронајдено неговото тело.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Потрес во НБА: Јокиќ со Леброн во ист тим?!

Кошаркарскиот свет би можел да биде зафатен од голема трансфер експлозија ова лето! Имено,…