Дома Бокс Фјури пред мечот со Усик: Три месеци не зборував со сопругата

Фјури пред мечот со Усик: Три месеци не зборував со сопругата

Најдобрите светски боксери во тешка категорија Олександр Усик и Тајсон Фјури ќе се борат во сабота околу 22 часот во реванш за три од четири големи појаси на светските прваци.

Украинецот го победи Британецот со судиска одлука во првиот меч и стана апсолутен светски првак. Но Усик во меѓувреме го изгуби ИБФ титулата поради специјални правила на организацијата, така што тој појас нема да го освои победникот од оваа борба.


Патот на Македонија до СП 2026!? Никогаш не било полесно! ↓↓↓


Фјури беше оптимистичен во најавата за борбата.

„Се чувствувам одлично и едвај чекам да дојде сабота навечер. Ќе го ставам крај на кариерата на Усик. Никогаш повеќе нема да слушнете за Олександр Усик по ова“, изјави Британецот, кој откри дека бил три месеци на тренинг камп и дека за тоа време не зборувал со сопругата:

„Се враќам дома за Божиќ со првиот лет. Ќе пијам многу ликер и ќе се најадам пита од месо и мисирка. Едвај чекам да дојде Божиќ. Посакувам да се бориме уште вечерва и утре да бидам дома. Овој камп беше многу долг, а три месеци сум одделен од жена ми и децата. Цели три месеци не сум прозборел ниту еден збор со сопругата.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Бокс

Проверете

Тајсон ги изненади навивачите: Не се сеќавам на борбата против Пол

Мајк Тајсон минатиот месец се бореше во својот прв професионален меч по речиси 20 години. …