Дома Фудбал ПСЖ го купи за 95 милиони евра, а сега се сели во Премиер лигата?

ПСЖ го купи за 95 милиони евра, а сега се сели во Премиер лигата?

Тренерот на ПСЖ Луис Енрике не смета на напаѓачот Рандал Коло Муани (26) ниту на одбранбениот Милан Шкриниар (29), објави францускиот новинар Фабрис Хокинс, а го сподели најдоверливиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо. Двајцата во зимскиот трансферен период можат да бараат нов клуб иако договорите им важат до летото 2028 година.

Муани оваа сезона има забележано 14 настапи, два гола и една асистенција, но на теренот поминал само 453 минути бидејќи шанса добиваше како резерва. Шкриниар играше уште помалку, во пет натпревари собрал 381 минута.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Вкупно, тој во парискиот клуб има одиграно 54 натпревари на кои 11 пати бил стрелец, а седум пати асистент. Transfermarkt му ја проценува вредноста на 30 милиони евра, а наводно за него се заинтересирани клубови од Англија и Германија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер јунајтед ја донесе одлуката за Зиркзе!

Играчите на Манчестер Јунајтед се соочуваат со голем притисок, а еден од тие играчи кои се…