Баерн Минхен е заинтересиран за турскиот играч од средниот ред на Реал Мадрид, Арда Ѓулер, пренесуваат шпанските медиуми.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Арда Ѓулер, кој има 18 настапи оваа сезона за Реал Мадрид со скромна статистика од еден гол и една асистенција, се смета за еден од најголемите таленти во европскиот фудбал.
Во Баерн во Ѓулер гледаат идеален наследник на 35-годишниот Томас Милер и веќе стапиле во контакт со Реал.
Меѓутоа, Реал не сака да го продава својот „бисер“ и е спремен да го испрати само на позајмица.