Кошаркарите на Денвер Нагетс го совладаа Лос Анџелес Клиперс (120:98) иако Никола Јокиќ не беше најдобриот поединец на натпреварот! Ретко сезонава се случува тимот од Колорадо да не зависи од српскиот центар, но неговите соиграчи конечно препознаа дека му е потребна помош и одиграа одлично против тимот од Калифорнија.
Никола Јокиќ го заврши натпреварот со 16 поени, седум скокови, само две асистенции, две украдени и пет изгубени топки. Години наназад најдобриот играч на Денвер Нагетс, овој пат шутираше само девет пати на натпреварот, а на соиграчите им препушти поголеми улоги – веројатно надевајќи се дека тоа може да ги поттикне за продолжение на сезоната.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Така Џамал Мареј го заврши натпреварот со 20 поени, а го следеше Мајкл Портер помладиот со 17. Двоцифрен учинок имаа и Пејтон Вотсон и Арон Гордон со по 14 поени, а Џулијан Страутер со 12. Во поразениот тим, Норман Пауел и Кевин Портер помладиот постигнаа по 16 поени, додека Џејмс Харден вметна 15. Хрватскиот центар Ивица Зубац постигна 13 поени, исто колку и поранешниот кошаркар на Денвер, Боунс Хајланд.
Натпреварот во Денвер подобро го започнаа гостите, кои го отворија дуелот со серија од пет последователни поени, но работите брзо се смирија. Денвер направи пресврт веќе по неколку минути, а потоа имаше помала криза само на крајот на втората и почетокот на третата четвртина. Останатиот дел од натпреварот помина во потполна доминација на тимот од Колорадо, кој на крај забележа убедлива победа.
.Nikola Jokić over Zubac pic.twitter.com/CxRpAqRXU0
— Tatiana (@Tatianaclinares) December 14, 2024