Дома Фудбал Останато Историја: Светот го доби најмладиот светски шампион во шах – има само 18 години!

Историја: Светот го доби најмладиот светски шампион во шах – има само 18 години!

Домараџу Ѓукеш е светски шампион во шах. Тинeјџерот од Индија, кој оваа година стана полнолетен, ја освои 14-та партија и со резултат 7,5:6,5 го победи Кинезот Лирен Динг.

Изгледаше дека оваа партија ќе заврши со реми и дека одлуката за светски шампион ќе падне во дополнителните брзопотезни партии.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сепак, Гукеш во завршната фаза беше многу прецизен. Кај Динг беше забележлива нервозата, бидејќи му остана многу помалку време отколку на индискиот велемајстор.

Клучниот момент се случи кога Динг понуди размена на топови во 55-тиот потег. Гукеш ја прифати, а во следниот потег размена на ловци. Индиецот остана со два пешака на таблата, а Кинезот со еден.

Динг сфати дека не може да се извлече и ја предаде партијата на Индиецот во 58-миот потег со што тинејџерот застана на светскиот трон.

Индиецот стана 18-тиот светски шампион во историјата. Од неговите сонародници пред него, само Вишванатан Ананд беше светски првак. Исто така го сруши рекордот на Каспаров кој стана светски шампион на 22 години

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Tим кој би бил фаворит во Лигата на шампионите: Еве како ќе изгледаше Спортинг ако не продаваше (ФОТО)

Eкипата на Спортинг Лисабон важи за еден од најголемите расадници на таленти во светот и о…