Дома Трансфер зона Кикс на деценијата: Барса го избрка, сега Мурињо го сака во Јунајтед!

Кикс на деценијата: Барса го избрка, сега Мурињо го сака во Јунајтед!

Барселона го продаде еден од своите најголеми бисери за 1,5 милиони евра без повратна клаузула. 22-годишбниот лев бек Алекс Грималдо сега одлично игра во Бенфика и се најде на списокот на Жозе Мурињо.

Мурињо е во потрага по лев бек во зимскиот преоден рок и една од најголемите желби е токму Алекс Грималдо, кој го воодушеви на натпреварот во Лигата на шампиони.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Грималдо е дете на Барселона, беше капитен на Б тимот, но поради лошиот однос и недовербата од Луис Енрике пред две и пол години побара да замине од „Камп Ноу“ бидејќи не доби шанса во првиот тим.

Бенфика го препозна неговиот потенцијал и понуди 1,5 милиони евра за него, што Барса на срамен начин одлучи да ги прифати и се откажа од него без можност да го врати на „Камп Ноу“.

Неговата откупна клаузула во моментов изнесува 55 милиони евра, што нема да претставува проблем за Мурињо, особено поради фактот што таа позиција е најпроблематична во неговиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Си замина од Интер поради ПСЖ, а сега не е среќен и може да се врати во Серија А?

Поранешниот капитен на Интер, Милан Шкрињар, не сакаше да го продолжи договорот со нероазу…