Во изминатите години можеше да се забележат разни ситуации со Мика Ричардс, но овој пат ја премина границата во разговорот со Душан Влаховиќ.
Влаховиќ постигна еден необичен гол во победата на Јувентус против Манчестер Сити со 2:0 во шестото коло на Лигата на шампионите, а потоа не ја тргна насмевката од лицето.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Дојде моментот да разговара со Ричардс, кој е легенда на Сити, а покрај него беше и Алесандро дел Пјеро, легендарниот ас на Јувентус.
Прво, Влаховиќ го изнесе своето гледање на многу тежок натпревар, но и на голот каде топката едвај ја премина гол линијата.
„Понекогаш мораш да го заработиш тоа преку многу труд и посветеност, мислам дека е така во фудбалот. Правиш работи кои потоа ти се враќаат. Ова е мое природно движење, го правам тоа секогаш, денес беше совршено, среќен сум што постигнав гол и помогнав на тимот да победи“, рече Влаховиќ.
Сепак, потоа следеше сцена кога Мика побара една работа од Влаховиќ.
„Кога ќе постигнеш следниот гол, те молам направи едно ‘М’ во камерата за големиот Мика“, рече Ричардс и се смееше, бидејќи истото го побара и од Џуд Белингем.
Во меѓувреме, Дел Пјеро избега од срам, па дури и размислуваше да излезе од кадарот.
.@MicahRichards convinced Dušan Vlahović to give him a special shoutout the next time he scores a goal for Juventus pic.twitter.com/hF3ZBNeWwd
— CBS Sports Golazo (@CBSSportsGolazo) December 12, 2024