Бразил во мај ја победи заедничката кандидатура на Германија, Белгија и Холандија за домаќинството.на женскиот Мундијал во фудбал.
Следното Светско првенство во фудбал за жени, на кое домаќин ќе биде Бразил, ќе се одржи од 24 јуни до 25 јули 2027 година, објави денеска Советот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Точните датуми на натпреварите од десеттото издание на женскиот турнир, кој започна во 1991 година, сè уште не се познати.
Бразил во мај ја победи заедничката кандидатура на Германија, Белгија и Холандија со 119 гласа наспроти 78, ветувајќи дека ќе го развие женскиот фудбал и ќе ја искористи инфраструктурата од машкото Светско првенство одржано во 2014 година.
“Овој историски турнир ќе има огромно влијание не само во Јужна Америка, туку и ширум светот, овозможувајќи на женскиот фудбал да направи чекор напред во однос на учеството и популарноста“, изјави претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
Од 32 репрезентации кои учествуваат, Европа ќе има 11 директни места, Јужна Америка три, вклучувајќи го и Бразил кој автоматски ќе се квалификува како домаќин, Северна Америка и Африка по четири, Азија шест, а Океанија само едно. Последните три учесници ќе ги утврди интерконтиненталниот плејоф од десет тимови.