Дома Фудбал Анчелоти откри каква е повредата на Мбапе

Анчелоти откри каква е повредата на Мбапе

Килијан Мбапе го постигна првиот гол за Реал Мадрид во победата над Аталанта 3:2 во шестиот круг од Лига на шампиони. Меѓутоа, набргу мораше да го напушти теренот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Французинот се повреди веќе во 35. минута од мечот и седна на тревата, по што беше заменет од Родриго, кој штотуку се врати од повреда.

По натпреварот, говореше тренерот на Мадрид, Карло Анчелоти, кој донесе добри вести за навивачите на клубот.

„Мислам дека не е ништо сериозно кога станува збор за Килијан. Едноставно, тоа е замор од премногу натпревари во последно време“, рече Анчелоти.

Реал е ослабен од почетокот на сезоната поради бројните повреди во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ловрен: Неприфатливо е да се прима гол на овој начин

Хрватската фудбалска репрезентација го заврши својот настап на Светското првенство во осми…