Дома Моторспорт Итен состанок во Ред Бул – ќе се дискутира за иднината на еден од возачите

Итен состанок во Ред Бул – ќе се дискутира за иднината на еден од возачите

Челниците на Ред Бул ќе разговараат со возачот Серхио Перез за неговата иднина во тимот на Формула 1, по големите шпекулации дека ќе биде заменет во 2025 година.

Перез во јуни го продолжи договорот на уште две години со Ред Бул, но оттогаш беше во слаба форма и не ги исполни очекуваните резултати бидејќи во последните осум трки освои само девет поени, што, меѓу другото, ја чинеше екипата титулата во шампионатот на конструктори.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Директорот на екипата, Кристијан Хорнер, изјави за „Скај“ дека челниците на екипата оваа недела со 34-годишниот Перес ќе ја анализираат сезоната. Последната трка во шампионатот, во неделата во Абу Даби, Перез ја заврши во првиот круг, а во интервјуа по тој настап прв пат јавно рече дека разговара со екипата за тоа што ќе се случи следно и одлуката која е најдобра за сите.

„Сега кога сезоната е завршена, ќе седнеме со него и ќе се навратиме на сезоната, што тргна наопаку и заедно ќе утврдиме кој е правилниот и соодветен пат. Чеко беше одличен член на овој тим во изминатите години“, рече Хорнер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Шок за семејството на Шумахер: Поради еден потег цел свет ќе дознае се за славниот возач?!

Поради тоа што сопругата на Михаел Шумахер ја известила полицијата дека нивниот поранешен …