Во Абу Даби вчера беше завршена уште една сезонa во Формула 1, во која Макс Верстапен ја одбрани титулата светски првак, но истата ќе ја паметиме по неверојатниот подвиг на Пјер Гасли и победата на Мекларен во конкуренцијата на конструктори.
Во центарот на вниманието се најде и Пјер Гасли, кој блескаше во последните трки од сезоната во болидот на Алпин и на оваа екипа ѝ донесе шесто место меѓу конструкторите, што до пред неколку недели изгледаше како невозможна мисија.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Гасли покрај одличната форма на крајот од сезоната успеа да ја одбележи 2024 година, бидејќи на специфичен начин испиша историја во Формула 1.
Имено, Гасли стана првиот возач во историјата на Формула 1 кој заврши сезона, а притоа не потроши ниту едно евро од парите на својот тим за оштетување на болидот.
.Ова е неверојатно: Пјер Гасли ја испиша историјата како првиот возач на Формула 1 кој заврши сезона без никакви оштетувања на својот автомобил 🤯
— Marc🏎 (@433_marc) 8 декември 2024
Размислете колку е забележително ова, со оглед на фактот дека Гасли не вози за врвен тим и секогаш стартува/трка се од позиција со… pic.twitter.com/Gn4ZySzG9n