Кошаркарите на Денвер Нагетс запишаа многу сигурна победа против Атланта Хоукс, а конечниот резултат беше 141:111 во корист на екипата за која игра Никола Јокиќ.
Токму репрезентативецот на Србија одигра уште една феноменална утакмица за својот тим, при што постигна 48 поени, имаше 14 скокови и осум асистенции.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иако сите се надеваа на дерби помеѓу Јокиќ и Богдан Богдановиќ, тоа на крајот не се случи затоа што пред почетокот на натпреварот пристигна веста дека Богдановиќ е повреден и ќе го пропушти овој меч.
Повторно Јокиќ одигра брутална партија и го водеше Денвер до нова победа, а на крајот малку му недостасуваше да постигне нов трипл-дабл.
Освен тоа, Јокиќ успеа да погоди и тројка од половина терен што стана тема за многумина и фасцинираше многу навивачи.
Така, по новата брутална партија синоќа Никола Јокиќ направи нешто што се чекало дури 61 година.
Никола Јокиќ всушност во само 24 часа одигра две одлични средби, најпрво постигна 56 поени, 16 скока и осум асистенции против Вашингтон, а потоа против Атланта постигна 48 поени и имаше 14 скока, како и осум асистенции.
NIKOLA JOKIĆ FROM JUST INSIDE HALFCOURT.
— NBA (@NBA) December 9, 2024
25 AT HALFTIME AFTER 56 LAST NIGHT 🚨 pic.twitter.com/XjIqHYHx0o
48 POINTS FOR NIKOLA JOKIĆ.
— NBA (@NBA) December 9, 2024
AFTER 56 LAST NIGHT.
The 3x #KiaMVP somehow keeps getting better 🤯 pic.twitter.com/nnXcOACuBf