Дома Фудбал Белингам блесна, па се повреди: Реал лесно ја декласира Жирона (Видео)

Белингам блесна, па се повреди: Реал лесно ја декласира Жирона (Видео)

Реал Мадрид триумфира на гостувањето кај Жирона со 3-0 во 16. коло од Ла Лига.

Гостите од Мадрид поведоа во 36. минута со голот на Џуд Белингам. Англичанецот беше критикуван, но во последно време почна сè повеќе да постигнува голови и да асистира.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


И токму Белингам во 55. минута со одлично додавање го проигра Арда Гулер, а младиот Турчин со удар по земја ја зголеми предноста на 2:0 и ја оправда довербата на тренерот Карло Анчелоти, кој му даде шанса да игра од самиот почеток.

Третиот гол за „кралевите“ беше дело на Килијан Мбапе во 62. минута кога ги постави конечните 3-0, па така Реал му се приближи на два бода на лидерот Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трио фудбалери сакаат само во Барселона, а меѓу нив е и – Влаховиќ

Барселона планира зимски и летни инвестиции, но финансиите и понатаму претставуваат главен…