Денеска во 13:30 часот требаше да се игра големото Мерсисајд дерби помеѓу Евертон и Ливерпул, но засега од тој меч нема ништо.
Во рамки на 15-то коло на англиската Премиер лига требаше да се одигра натпреварот помеѓу Евертон и Ливерпул, натпревар на старите ривали.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Но, поради лошите временски услови и бурата која го зафати овој дел од Англија, мечот нема да се игра во предвидениот термин, денеска во 13.30 часот.
Оваа информација ја потврди и познатиот новинар Дејвид Орнштајн, кој е познат по своите инсајдерски информации.
Ова требаше да биде 245-тиот официјален дуел помеѓу овие две историски ривалки.
Во досегашните 244 натпревари, Ливерпул беше значително подобар тим. Забележа 99 победи и денеска на „Гудисон Пар“к ќе ја бркаше стотата. 77 пати овие тимови играле нерешено, а „Карамелите“ имаат победено 68 пати во овој ривалитет.
.🚨 Everton vs Liverpool called off. Final scheduled Merseyside derby at Goodison Park postponed by authorities on safety grounds, due to weather Storm Darragh is causing. Game will be rescheduled. Statements to follow @TheAthleticFC #EFC #LFC #StormDarragh https://t.co/Hg7vI1DkoJ
— David Ornstein (@David_Ornstein) December 7, 2024