Интер има одличен старт на сезоната, меѓутоа сега пораснаа амбициите на раководството, па во јануар „нероаѕурите“ додатно ќе го засилат тимот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Една од главните цели на Интер во зимскиот преоден рок ќе биде засилување на одбраната, односно доведување на дефанзивец кој ќе може да биде алтернатива за Скриниар и Миранда.
Главна трансфер мета е чилеанскиот репрезентативец, Пауло Дијаз. Овој 23-годишен дефанзивец настапува за аргентински Сан Лоренцо, а по потреба може да игра и како десен бек.
Интересот на Интер го потврди и неговиот агент, Шалимар Рејнал.
„Интер веќе ги превзеде првите чекори, а знам дека Сан Лоренцо е спремен да го пушти. Во неговиот договор постои и клаузула по која може да замине. Според мене Дијаз може да стане член на Интер уште во јануари“, изјави агентот.