Менаџерот на фудбалскиот клуб Манчестер Сити Пеп Гвардиола изјави дека неговиот тим имал тежок период и истакна дека екипата по триумфот против Нотингем Форест мора да продолжи да победува, пренесуваат британските медиуми.
Фудбалерите на Манчестер Сити во средата на свој терен го победија Нотингем Форест со 3:0 во натпревар од 14. коло на Премиер Лигата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
“Граѓаните” ја остварија првата победа во Премиер Лигата по повеќе од месец дена. Манчестер Сити пред дуелот со Нотингем Форест немаше триумфирано во последните седум натпревари во сите натпреварувања.
“Беше ова тежок период, но мораме да ги прифаќаме предизвиците и да се справуваме со нив. Мислам дека овој пат бевме добри. Сите гледаме дека Премиер Лигата станува сè потешка и напрегната, секој противник е тежок. Сите одземаат бодови на сите. Мораме да напредуваме, прво да се обидеме да продолжиме да победуваме, а потоа за неколку месеци ќе видиме каде сме”, рече Гвардиола.
Менаџерот на Манчестер Сити потоа го пофали белгискиот фудбалер Кевин де Брујне, кој беше стартер на натпреварот против Нотингем Форест.
“Беше одличен, особено во првото полувреме. Сите знаеме каков играч е тој и колку ни значи. Голема работа е повторно да го имаме на теренот”, истакна Гвардиола.
Манчестер Сити се наоѓа на четвртото место на табелата на Премиер Лигата со 26 бодови, а во наредното коло ќе гостува на Кристал Палас, пренесува Танјуг.