Иако Купот на кралот е во фаза кога играат повеќето нисколигашки тимови и веќе имаме неколку изненадувања бидејќи малите клубови Понтеведра и Логроњес ги изфрлија Вилјареал и Џирона, додека пред два дена елиминација од четвртолигаш доживеа и Еспањол.
Повеќето фаворити ги оправдаа очекувањата, Бетис како гостин победи против Сан Андреу со 1:3, а Рајо Ваљекано го победи Унионистас исто така како гостин – 2:3, паднаа и неколку изненадувања.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Четвртолигашот Понтеведра го исфрли Виљареал откако како домаќин победи со резултат од 1:0.
Вистина е дека Марселино Торал ротираше, но играа Дани Парехо, Хуан Бернат, Џерар Морено, Денис Суарез, но тоа не беше доволно. Во 87. минута резервистот Де Алмеида даде гол за 1:0.
Од Купот на кралот испадна и Жирона, но по пенали. Исто така на гости, Логроњес победи по пенали – 4:3. Бојан Миовски за овој натпревар не беше во составот на клубот од Ла Лига.
Во регуларниот дел од мечот и продолженијата немаше голови. Во серијата на пенали промашија централниот напаѓач Абел Руиз и ветеранот Кристијан Стуани, па Логроњес продолжи понатаму.
За разлика од Жирона, Леганес се спаси против четвртолигашот Естепона.
Домаќините водеа 1:0 и 2:1, но Мунир Ел Хадади и Ернандез донесоа продолженија. Во дополнителните 30 минути немаше голови, а гостите од Мадрид победија по пенали – 6:7.