Ерик тен Хаг неодамна доби отказ во Манчестер Јунајтед, но се чини дека холандскиот стратег брзо може да се врати на тренерската позиција.
Тен Хаг пристигна во Манчестер Јунајтед летото 2022 година откако имаше неколку одлични сезони, и се очекуваше дека со клубот од „Олд Трафорд“ ќе може да се врати на врвот на европскиот фудбал.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сепак, овој 54-годишен стратег не се прослави на клупата на Манчестер Јунајтед, а клубот го отпушти пред неколку недели по серија на лоши резултати.
Наместо Тен Хаг, на клупата на Јунајтед дојде Португалецот Рубен Аморим кој успеа веќе да постигне некаков напредок бидејќи тимот изгледа се подобро и подобро од натпревар до натпревар.
Што се однесува до Тен Хаг, тој ќе добие значително обештетување поради прекинувањето на соработката, но се чини дека нема да чека долго за нова работа.
Се појави информација дека Тен Хаг може брзо да се врати на тренерската позиција и дека наскоро можеме да го видиме Холанѓанецот на клупата на германскиот Лајпциг.
Лајпциг не игра најдобро во последно време и е во серија од шест натпревари без победа, а германскиот клуб забележа дури пет порази.
Во германските медиуми овие денови сè повеќе се пишува дека раководството на Лајпциг ќе му даде отказ на тренерот Марко Розе и дека е само прашање на време кога оваа одлука ќе биде официјализирана.
.🚨 Erik ten Hag is on RB Leipzig’s list if they decide to sack Marco Rose.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) December 3, 2024
(Source: @berger_pj) pic.twitter.com/2mLJgAISe4