Дома Фудбал Moрата емотивно и во солзи: Ако не беа соиграчите ќе заминев од репрезентацијата (Видео)

Moрата емотивно и во солзи: Ако не беа соиграчите ќе заминев од репрезентацијата (Видео)

Шпанската фудбалска репрезентација без пораз го освои Европското првенство 2024 година, а нејзиниот пат до четвртата европска титула е прикажан во документарецот кој ја имаше својата премиера на 29 ноември на стриминг платформата „Prime Video“. Шпанска Марка објави дел од филмот кој открива како напаѓачот и капитен Алваро Мората (32) ги доживувал критиките.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мората на снимката ги читаше критиките од навивачите, а потоа со солзи во очи и на работ да заплаче ја истакна поддршката од соиграчите. “Ми покажаа дека им сум потребен. Да не беа тие, ќе ја напуштев репрезентацијата”, изјави Мората на снимката која може да ја видите подолу, а во која селекторот Луис де ла Фуенте го опиша Мората како одличен капитен. “Во иднина ќе разбереме што значеше за шпанскиот фудбал,” зборува селекторот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ибрахимовиќ веќе работи, Милан може да добие големо засилување од Ливерпул

Фудбалскиот клуб Милан активно трага по засилувања во одбраната овие денови. Како ПАМЕТНО …