Дома Фудбал Одлична вест за Манчестер јунајтед: Аморим добива „засилување“ во вистински момент!

Одлична вест за Манчестер јунајтед: Аморим добива „засилување“ во вистински момент!

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Лени Јоро, би можел официјално да дебитира за својот клуб на претстојниот натпревар во Премиер лигата против Арсенал, откако беше отсутен од теренот четири месеци поради повреда, објави тренерот на тимот од Манчестер, Рубен Аморим.

“Можеби Лени Јоро ќе биде во тимот. Мислам дека е во добра фаза, во подобра физичка кондиција, така што мислам дека ќе биде во тимот”, кажа Аморим пред натпреварот со Арсенал.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед ќе игра во Лондон против Арсенал во среда во 21:15, во 14. коло од Премиер лигата.

“Многу е брз и модерен дефанзивец, и е добро кога сакате да вршите висок притисок бидејќи така оставате помал простор да ве напаѓаат“”.

Јоро (19) дојде во Манчестер Јунајтед летово од Лил, откако беше избран во најдобриот тим на француската лига за минатата сезона, во трансфер вреден 62 милиони евра.

Тој ја повреди метатарзалната коска на левото стапало за време на пријателски натпревар против Арсенал одигран во Калифорнија кон крајот на јули.

Манчестер Јунајтед е деветти на табелата во Премиер лигата со 19 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ бара нов договор, Перез му постави услов

Лука Модриќ изрази желба да остане уште една година во Реал Мадрид и својата кариера да ја…