Дома Фудбал Гвардиола го исмејуваа на „Енфилд“, а Слот порача: Никој не треба да го сожалува!

Гвардиола го исмејуваа на „Енфилд“, а Слот порача: Никој не треба да го сожалува!

Интересна изјава даде тренерот на Ливерпул, Арне Слот, за неговиот колега од Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.

Серијата натпревари без победа на Манчестер Сити вчера продолжи на седум натпревари, во натпревар кој во голема мера одлучуваше за врвот на табелата на англиската Премиер лига.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Навивачите на трибините на „Енфилд“ вчера го провоцираа Пеп Гвардиола, на што тој знаеше да им одговори.

„Граѓаните“ гостуваа на Енфилд кај Ливерпул, кој славеше со резултат 2:0 и со тоа дополнително се оддалечи на врвот на Премиер лигата.

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, даде интересна изјава за неговиот колега по големото дерби.

“Чувствувате симпатии или емпатија кон тренери кои се во многу слаба позиција, кои изгубиле многу натпревари или се на ниско место на ранг листата.

Но, Пеп има освоено многу работи и го докажа дека е голем тренер многу пати. Првенството не се одредува во ноември или декември, така што никој не треба да има емпатија или сожалување кон Пеп.

Можеби за други менаџери да, но не и за Пеп. Сигурен сум дека ќе ја подобри ситуацијата во Манчестер Сити”, изјави Арне Слот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ бара нов договор, Перез му постави услов

Лука Модриќ изрази желба да остане уште една година во Реал Мадрид и својата кариера да ја…