Дома Топ вести Готово: ПСЖ добива сериозен конкурент – се раѓа нов гигант од Париз!

Готово: ПСЖ добива сериозен конкурент – се раѓа нов гигант од Париз!

Фудбалскиот клуб Париз доби нови сопственици и тоа „Агаче спортс“ и „Ред Бул“ кои имаат големи планови за клубот од „Жан Буин“.

Како што беше најавено, Париз влегува во нова ера и ќе се обиде да стане конкурент на градскиот ривал Пари Сен Жермен. Семејството Арно, кое е сопственик на најпознатиот светски моден бренд „Луј Витон“, заедно со нивната компанија „Агаче спортс“, влегуваат во клубот со откупени 52.4% од акциите.ѓ

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


Заедно со нив доаѓа и Ред Бул со 10,6% откупени акции, додека остатокот им припаѓа на Алтер Париз (29,8%) и БРИ (7,2%). Бројките се малку поинакви во однос на оние кои претходно ги објавија француските медиуми, но не го менуваат фактот дека овој клуб, кој моментално е лидер во Лига 2, ќе доживее целосна ренесанса.

„Овој чекор до кој штотуку стигнавме е важен момент во историјата на клубот. Со доаѓањето на „Агаче Спортс“ и „Ред Бул“, Париз си обезбедува средства за поставување амбициозни цели. Без да прескокне чекор, почитувајќи го својот идентитет и вредности“, најави претседателот на Париз, Пјер Ферачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Интер ќе биде без Тирам околу еден месец

Напаѓачот на Интер, Маркјус Тирам, ќе отсуствува од терените околу еден месец поради повре…