Дома Фудбал Останато Роналдо му се понудил на Гвардиола!

Роналдо му се понудил на Гвардиола!

Кристијано Роналдо пред три години замина од Јувентус и го облече дресот на Манчестер јунајтед по вторпат во кариерата, но во тој период можел да заврши и во градскиот ривал на „црвените ѓаволи“:

Се шпекулираше во тој период дека Манчестер сити е заинтересиран и дека сака да го доведе, но во последен момент се вклучил Сер Алекс Фергусон кој наводно го убедил да го избере јунајтед.
„Дејли Мејл“ сега открива каква била ситуацијата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Тоа лето Кристијано му се понуди на Манчестер сити, но Пеп не беше заинтересиран да го доведе. Гвардиола навистина го респектира Роналдо и знаеше дека е во одлична физичка состојба и покрај годините. Сепак, сметаше дека не се вклопув во неговата филозофија и поради тоа ја одби можноста да го доведе“, објави „Дејли Мејл“.

Враќањето на Роналдо во Манчестер јунајтед на крајот не се покажа како вистински потег затоа што тимот не беше во конкуренција за највисок пласман, а Роналдо оваа втора епизода ја заврши со 19 погодоци и 40 натпревари. Клубот го напушти по конфликтот кој го имаше со Ерик Тен Хаг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Јакимовски објасни: Еве зошто ВАР собата во Македонија е една од најмодерните во Европа (Видео)

Maкедонскиот фудбал од оваа сезона го има ВАР системот, а во новата епизода на „Уште еден …