Хари Кејн ги воодушеви сите во Тотенхем, инсистирајќи на тоа дека е играч кој сака да биде „за еден клуб“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Многу се пишува за неговиот потенцијален трансфер во Реал Мадрид, кој со сите сили се обидува да го доведе. Откако Тотенхем повтори дека тој не е на продажба, сега се огласи и ѕвездата на англискиот фудбал.
„Би сакал целата своја кариера да ја поминам во еден клуб. Тоа зависи и како клубот ќе функционира во иднина, кој ќе биде тренер итн., но реков дека сакам да останам тука, бидејќи моменталната ситуација е совршена“, изјави Кејн.
Кејн и оваа сезона продолжи со фантастичните натпревари и веќе на своето конто има 11 гола во сите натпреварувања.