Дома Топ вести Штутгарт по дебаклот во Белград испрати жалба до УЕФА

Штутгарт по дебаклот во Белград испрати жалба до УЕФА

Фудбалскиот клуб Штутгарт ќе поднесе жалба до Европската фудбалска федерација (УЕФА) поради третманот кој го доживеаја навивачите на германскиот клуб од страна на српската полиција.

Германските медиуми јавуваат дека сериозно се разгледува одлуката да поднесе официјална жалба до УЕФА поради случувањата во Белград, пред стадионот на Црвена звезда.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сè уште се утврдува што точно се случило и во која мера гостинските навивачи биле малтретирани од српската полиција, но според сведоштвата на самите приврзаници на гостинскиот клуб, грубо биле третирани при контролите.

УЕФА, според Германците, веќе го истражува случајот, собира информации, а во исто време Штутгарт, врз основа на жалбите од навивачите, ќе донесе одлука дали да се обрати до органите на Европската фудбалска федерација.

Да потсетиме, околу 500 навивачи на германскиот клуб самостојно се вратија од граничниот премин, бидејќи, како што сведочат, грубо биле претресени и контролирани од припадниците на српската полиција.

Претходно, полицијата во автобусите во кои се наоѓаа Германците пронашла пиротехнички средства и други недозволени навивачки реквизити и затоа ја заострила контролата.

“Мерките преземени од припадниците на српската полиција беа поножувачки кон нас.

Покрај тоа е пријавена и употреба на физичка сила против навивачите, поради што 500 навивачи од организираната навивачка група на Штутгарт одлучиле да се вратат и да го прекинат патувањето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

ПСЖ спрема понуда за Зидан

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, би можел да го замени Луис Енрике на кор…