Луис Енрике сака да го засили нападот во зимскиот преоден рок, а прва желба е ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд.
Рашфорд сака да го напушти Манчестер Јунајтед и веќе му порачал на својот агент да му бара нов клуб.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Рашфорд неодамна стави потпис на нов договор со Манчестер Јунајтед до 2028 година и е најплатен фудбалер кај „црвените ѓаволи“, но не е задоволен со својот статус во тимот.
ПСЖ е спремен да му понуди трампа на Манчестер Јунајтед така што на Олд Трафорд ќе го испрати Коло Муани.
Муани не е среќен во ПСЖ, а е голема желба на новиот тренер на Јунајтед, Рубен Аморим.
Luis Enrique is unhappy with PSG's attacking options and is planning a move for Marcus Rashford in January.
— Transfer News (@TransfersLlVE) November 27, 2024
PSG and Rashford's camp met in the summer and could meet again before the next window. pic.twitter.com/n8chunAiBi