Дома Македонски спорт Нов голем успех за таеквондото во Македонија: Христијан Симоновски освои бронза!

Нов голем успех за таеквондото во Македонија: Христијан Симоновски освои бронза!

Христијан Симоновски член на Македонската Таеквондо репрезентација, член на ТК Младост вчера учествуваше на еден од најсилните натпревари во Европа,БОСНА ОПЕН Г1 и својот настап го закити со бронзен медал кој носи нови бодови за европската и олимписката ранг листа.

Во првата борба тој убедливо 2:0 во рунди го совлада Јосип Беванда од Босна,потоа се сретна со искусниот Роузмонд Нолхан од Франција кој исто така успеа да го совлада 2:0 во рунди со што се пласираше во полуфиналето каде после тешка борба која траеше 3 рунди загуби во последните секунди од страна на Ел Јасин од Белгија што резултираше со бронзен медал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…