Дома Фудбал Италија Критики за Влаховиќ: Твојот проблем е што вредиш 75 милиони евра, а ужасно играш!

Критики за Влаховиќ: Твојот проблем е што вредиш 75 милиони евра, а ужасно играш!

Во Италија вечерва се игра дербито помеѓу Mилан и Јувентус, а пред овој натпревар критики за српскиот напаѓач Душан Влаховиќ испрати поранешниот италијански репрезентативец Антонио Касано.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Душан Влаховиќ поради повреда ќе го пропушти натпреварот. Критиките од Касано до Влаховиќ беа најмногу за неговата игра на теренот, но и изјавата дадена додека беше на собирот со репрезентацијата за време на обврските во Лигата на Нации.

Влаховиќ во таа ситуација изјави дека во Србија му е полесно да игра затоа што има помалку задачи во одбраната.

„Во Фиорентина Влаховиќ ги имаше најдобрите четири месеци во кариерата со 17 постигнати голови. Играше само во нападот. Во Јувентус кај Алегри беше на 70 метри од голот ,а сега со Мота вели дека мора да игра во одбраната и прави нешто што не му се допаѓа.

Проблемот, драг Влаховиќм е што треба да знаеш да играше фудба, а ти не знаеш. Вредиш 75 милиони евра и ужасно играш! Ако имаш нешто да му кажеш на тренерот, кажи му во лице, не пред медиуми“, изјави Касано.

Натпреварот помеѓу Милан и Јувентус се игра денеска во терминот од 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нешто невидено досега во фудбалот му се случи на Нејмар: Судјата сам го замени среде натпревар!

Денес, Нејмар го одигра веројатно својот последен натпревар во дресот на Сантос. Овој слав…