Марко Матераци за многумина ќе остане запаметен како еден од најдобрите стопери на сите времиња и остави длабока трага играјќи за Интер и италијанската репрезентација.
Сепак, тој остана запаметен и како фудбалер кој успеа да го испровоцира Зинедин Зидан да го ури со глава во финалето на Мундијалот во 2006 година. Зидан по тој удар доби црвен картон и така ја заврши кариерата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Матераци откри дека од тој момент не разговарал со Зидан.
“Оттогаш не сум разговарал со Зидан. Не сум разговарал ниту пред тој настан. Никогаш не сме имале контакт. Тој е фудбалска легенда и секогаш сум имал почит кон него. Покрај тоа, како тренер освои три ЛШ со Реал Мадрид“, изјави Матераци.
Вели дека навистина би сакал да разговара со Зидан.
„Не барам изговори, но со задоволство би разговарал. Тоа не би било проблем, поминаа толку многу години“, изјави Матераци.