Maкедонската најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа денеска беше поразена во првото коло на турнирот во Трнава и тоа од првата носителка, Французинката Осиан Додин.
Првиот сет донесе голема борба во кој Додин беше поуспешна и го доби со 7:5. Вториот сет донесе фуриозна игра на македонската претставничка кој го освои сетот со 6:0 и тука изгледаше дека оди кон пресврт.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сепак, Ѓорческа во одлучувачкиот трет освои само два гема и Французинката со 6:2 дојде до конечна победа.
Коментари