Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска попладне, од 13.часот, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, ќе ги стартува подготовките за натпреварите кои следуваат во ноемврискиот ФИБА „прозорец“ за пласман на Евробаскетот во 2025 година.
Селекторот Александар Јончевски стави 16. кошаркари на конечната листа на кандидати за двете средби против селекцијата на Литванија, првиот на 21. ноември во Скопје, а вториот, три дена подоцна, 24.ноември, на гостински терен во Клаипеда.
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Согласно со планираното, во салата СРЦ „Кале“, каде, во четврток, од 18.часот, ќе го играме натпреварот против репрезентацијата на Литванија, „црвено-жолтите“ ќе одработат и одреден број на тренинзи.
На списокот помеѓу повиканите се најде и Ненад Димитријевиќ кој според тоа најверојатно ќе патува за Литванија. Пред неколку дена членот на Олимпија Милано изјави дека нема да биде во комбинација за настап на дуелот во Скопје поради обврски кон својот тим, меѓутоа сега пристигнува добра вест за вториот дуел.
СПИСОК НА ИГРАЧИ ЗА НОЕМВРИСКИОТ ФИБА „ПРОЗОРЕЦ“ ОД КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП 2025
Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Дамјан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром
Марин Петков – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Маслинко – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром
Дамјан Робев – Работнички
Стојан Ѓуроски – Работнички
Виктор Ефремовски – Работнички
Страхил Николов – ТФТ
Бобан Стајиќ – Пелистер
Кристијан Николов – Џеди Осман академи (Турција)
Адем Мекиќ – Бора (Косово)
Лејсон Зеќири – Башкими (Косово)
Итан Хап – Валенсија (Шпанија)
Ненад Димитријевиќ – Олимпија Милано (Италија)