Дома Фудбал Останато Погба: Работите некогаш не одат како што сакаме…

Погба: Работите некогаш не одат како што сакаме…

Французинот Пол Погба заминува од редовите на Јувентус, а откако и јавно беше објавено дека договорот е раскинат тој се збогуваше со гигантот од Торино.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имаше желба Погба да продолжи во Торино, меѓутоа во Јувентус плановите беа поинакви и сметаа дека не е им потребен.

На крајот дојде до раскин на соработката и Французинот ќе побара нова средина.

„Работите некогаш не одат како што сакаме, но врската која ја создадов со вас драги навивачи ќе остане незаборавна. Ми дадовте толку многу што не може да се опише. Засекогаш во срцето. Со среќа, Јувентус“, објави Погба.

Погба се поврзуваше со Олимпик Марсеј и Галатасарај во Европа, но наводно има понуди од МЛС лигата и Саудиска Арабија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клоп за првпат откри: Преговарал за Мбапе и тоа во авион! (Видео)

Јирген Клоп раскажа како клубот од „Енфилд“ во еден случај се обидел да го убеди Килијан М…