Ракометната федерација на Македонија денеска ги соопшти одлуките за срамниот натпревар кој го одиграа Скопје и Гевгелија во Купот на Македонија.
Двете екипи во последните пет минути си постигнуваа автоголови и намерно ги промашуваа нападите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во РФМ со право немаа милост и двата клубови се засекогаш суспендирани од професионалните натпреварувања.
Покрај трајните суспензии за двата клуба, казни добија и тренерите на Скопје Валентина Радуловиќ и Веселинка Тренковска, како и тренерот на Гевгелија, Јулија Беќарова. Сите три нема да можат да работат нешто поврзано со ракометот во наредните две години.