На вчерашната церемонија во Португалија, Кристијано Роналдо доби награда за посебни достувања. Во прашање е награда која ја добиваат најголемите имиња од оваа земја.
Новинарите во текот на церемонијата го запрашаа Португалецот дали ќе ја „брка“ бројката од 1.000 голови во кариерата која е негова цел.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Не можам да кажам со сигурност што ќе понудат моите нозе во следните години. Ќе бидам среќен ако постигнам 1.000 голови, но и да не се случи тоа, секако сум најдобар стрелец во историјата“, изјави Роналдо.
Во овој момент Португалецот е на 908 погодоци на официјалните натпревари во клупската и репрезентативната кариера.
Своевремено легендрниот Пеле зборуваше дека има постигнато 1.283 гола, меѓутоа нема официјални податоци за сите натпревари од негово време. Роналдо во една прилика и кажа што мисли на оваа тема.
“Сакам да постигнам 1.000 голови во кариерата, такви ми се плановите, но за да се дојде до таа бројка зависи и мојата здравствена состојба. Јас знам дека има и други кои постигнале повеќе од 1.000 голови, јас ги респектирам, но сакам да кажам дека разликата меѓу нив и мене е таа што за секој мој гол има видео-снимка како доказ, а кај другите тоа го нема“, гласеше изјавата на Роналдо.