Македонскиот голман и репрезентативец, Столе Димитриевски е еден од добитниците на Ноемвриската награда која е највисоко признание од Општина Куманово.
Наградата на Димитриевски му беше доделена во текот на денот на ослободувањето на Куманово, 11 ноември. Станува збор за награда која се доделува за посебни достигнувања и промоција на градот.
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
„Димитриевски одигра повеќе од 70 натпревари за репрезентацијата на Македонија и настапи на Европското првенство 2021 година каде што посебно се истакна со своите одбрани“, се потенцираше на доделувањето.
Ќе потсетиме, македонскиот чувар на мрежата во текот на летниот преоден рок го напушти Рајо Ваљекано и се пресели во редовите на Валенсија.