Дома Останати Авто Мото Алонсо и Мекларен заедно и следната сезона

Алонсо и Мекларен заедно и следната сезона

Шпанскиот пилот и двократниот шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо постигна согласнот со Мекларен за продолжување на договорот на уште една сезона.

Соработката меѓу Алонсо и Мекларен истекуваше на крајот на тековната сезона, но 36-годишниот Шпанец стави крај на шпекулациите за напуштање на тимот и ќе остане и следната 2018 година.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Фантастично е што продолжувам да соработувам со Мекларен. Моето срце ми кажа да останам“, изјави Алонсо, кој во 2005 и 2006 година, ја освои титулата како возач на Рено.

Одлуката на Алонсо да остане во Мекларен сигурно беше под големо влијание на фактот дека британскиот тим следната година ќе соработува со Рено, со кого потпиша тригодишен договор.

„Мекларен има техничка и финансиска сила да биде најбрз во трките и да освојува титули во Ф1. Претходните три години ни дозволија да планираме и да ја градиме иднината, па сега со нетрпение го очекувам продолжувањето на таквото патувањето“, додаде Шпанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Неверојатна реакција: Во дел од секундата избегна страшен судир 🎥

Исак Хаџар, возач од Формула 2 на слободните тренинзи во Монако се истакна со реакција кој…