Дома Фудбал Англија После најавата на Мурињо дека заминува, овој човек е најсериозен кандидат за клупата на Јунајтед

После најавата на Мурињо дека заминува, овој човек е најсериозен кандидат за клупата на Јунајтед

После изјавите на Жозе Мурињо дека би можел да го напушти Манчестер Јунајтед, односно дека тоа нема да биде неговиот последен клуб, веднаш реагираа обложувалниците.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Англиските медиуми шпекулираат дека Манчестер Јунајтед нема да ја прифати да му дава плата од 25 милиони евра по сезона, па Мурињо би можел да се пресели во ПСЖ.

Мурињо има договор до крајот на следната година и „црвените ѓаволи“ му нудат продолжување на соработката, но неговиот агент Жорге Мендеш бара 25 милиони евра годишна плата.

Обложувалниците веднаш реагираа па сега може да се обложите кој ќе биде новиот менаџер на Манчестер Јунајтед.

Прв фаворит е Маурисио Покетино. Раководството на Јунајтед разговараше со него и пред да дојде „Специјалниот“, но тој одлучи да остане во Тотенхем и потпиша нов договор.

Сепак, после заминувањето на Мурињо, Покетино најверојатно ќе прифати да се пресели на „Олд Трафорд“ бидејќи смета дека веќе го извлекол максимумот од Тотенхем.

Коефициентот за Покетино изнесува 4.00, а засега нема други кандидати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бившиот тимски колега со остри критики за Роналдо: Бесен е заради хет-трикот на Меси!

Пол Сколс, некогашен соиграч на Кристијано Роналдо од Манчестер Јунајтед, изрази незадовол…