Од редовите на Шкупи реагираат на по денешниот пораз од Вардар во дербито тврдејќи дека се оштетени.
Во Шкупи сметаат дека голот за победа од 3:2 во второто полувреме кој го постигна Мицевски требало да биде поништен.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Тоа на кое предупредувавме и се случи. Главниот судија Игор Стојчевски си ја заврши работата. Пред натпреварот предупредивме дека овој судија не е способен да суди ваков натпревар и дека подолго време е на нашата непожелна листа. Сепак, барањето на нашиот клуб никој не го сфати сериозно. Во 83. минута сите видоа дека Мицевски е во офасајд, но не и противничкиот омилен судија. Нашето детално објаснување ќе го дадеме утре“, стои во соопштението.