Благодарение на фантастичното издание на Ненад Димитријевиќ кој постигна 22 поени Олимпија Милано успеа да слави победа против Реал Мадрид во Евролигата.
По натпреварот против шпанскиот гигант големи пофалби за Димитријевиќ имаше неговиот тренер Еторе Месина.
Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
„Погледнете само како игра…не треба да заборавиме и дека Нено е само дебитант во Евролигата. Во последната четвртина во Виторија и против Вирутс имаше огромно влијание врз нашата игра. Сигурен сум дека кога физички ќе се навикне на играта ќе остави и силна трага во Евролигата“, изјави Месина.
Доби прашање тренерот на Олимпија и за доаѓањето на Манион кој ќе биде конкуренција на македонскиот кошаркар.
„Кога ќе се соберат работите, мислам дека Димитријевиќ ќе профитира од неговото доаѓање затоа што одговорностите ќе бидат поделени. Нивнот стил на игра е различен и ако продолжат да работат добро можат да растат заедно“, истакна Месина.