Реал Мадрид вчера беше поразен од Милан во дербито од Лигата на шампионите, а по натпреварот незадоволство истакна и сопругата на Феде Валверде.
На социјалните мрежи Мина Бонино се огласи сакајќи да го искаже својот бес за замената на нејзиниот сопруг на полувремето.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Ако кажам што мислам ќе заработ, подобро да го исклучам ова. Феде најдобро игра во средниот ред, кога ќе разберете дека не е крилен фудбалер“, стоеше во нејзината објава.
Набрзо таа го избриша твитот, но објавите беа сочувани, па сето тоа стигна и до Анчелоти на кого новинарите му поставија прашање на оваа тема.
„Феде не беше во состојба да даде 100%. Се соочи со проблеми со грбот во текот на неделата. Тренираше добро еден ден пред натпреварот и затоа беше стартер, но во првото полувреме имаше проблеми и не беше на најдобро физичко ниво“, изјави Анчелоти.
Hasta la esposa de fede Valverde estalla con la nefasta dirección técnica de ancelloti. pic.twitter.com/fN0HQjtfX2
— Frank (@Frank_RMCF7) November 5, 2024