Aко судиме според сегашните најави јануарскиот преоден рок во 2025 година може да понуди неколку изненадувачки трансфери, а еден од тие трансфери може да предизвика реакции во Италија.
Имено, Јувентус остана без услугите на дефанзивецот Бремер кој се повреди до крајот на сезоната и неговото отсуство на теренот се забележува по бројот на примени голови на „старата дама“.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Медиумите во Италија пренесуваат дека Јувентус е заинтересиран да го доведе Шкриниар кој во минатото го носеше дресот на Интер.
Во редовите на ПСЖ, Словакот пристигна од редовите на „нероаѕурите“ и со францускиот гигант има договор до 2028 година. Но, во Париз нема минутажа каква што посакува и Јувентус е подготвен да ја искористи ситуацијата.
Шкриниар го познава италијанскиот фудбал и токму во Серија А играше во најдобар форма. Најавите се дека цената би можела да биде околу 20 милиони евра.